Се самоуби Џанин Пеплер, публицистката на Кендас Бушнел
САД– Славната публицистка Џанин Пеплер (50) е новата жртва од Холувуд која крена раце на себе, по самоубиствата на дизајнерката Кејт Спејд и славниот готвач и патеписец Ентони Бурден. Пеплер која е родена во Јужна Африка а се сели во Њујорк во 1996 година, се обесила, а ја пронашол дечкото во нивниот дом . Истрагата е во тек.
ВО 2004 година била оперирана од рак на тироидната жлезда која била успешна.
Пеплер ја застапуваше славната писателка Кендас Бушнел , авторката на книгата „Сексот и градот“ по кој се снимаа Тв серија и филмови.