Се самоуби американската дизајнерка Кејт Спејд


САД– Американската модна дизајнерка Кејт Спејд пронајдена е мртва во својот стан на Парк Авенијата денес, потврдува полицијата од Њујорк. Како што пренесува Њујорк Тајмс, Спејд (55) се обесила со црвена марама за рачката во својот стан.

Спејд била пронајдена од својата куќна помошничка, која повикала полиција. Дизајнерката не покажувала знаци на живот, па прогласена била нејзината смрт во 10:26 попладне.

Според првичните информации, дизајнерката оставила и порака за збогум, но сè уште не е објавено што пишувало во неа. Сопругот на Кејт бил цело време присутен, но полицијата не знае каде се наоѓала нивната ќерка во тој момент.

Кејт Спејд била од првиот бран на американски современи дизајнерки чиј подем започнал во 90 години. Изградила бренд за облека и аксесоари кои ги обожувале жените со стил. Таа самата претставувала олицетворение на сопствената естетика, со фризура од 60 – те, големи очила и широка насмевка, кои ги маскирала со високата професионалност, сериозна посветеност во работата и амбиција да создаде глобален тренд.

Спејд својата компанија ја продала во 1999 година, која потоа повторно ја препродала. Иако цело време била лице на својот бренд, нејзиниот сопруг во едно интервју изјави дека таа никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието.

Брачниот пар ја напушти компанијата пред 11 години и се посветил кон други проекти. Дизајнерката се фокусирала на семејството и филантропијата, а пред две години со својот сопруг и двајца пријатели ја основала новата линија на аксесоари “Fraces Valentine”.

Претходно уште две ѕвезди од модната сцена си го одзедоа животот. Креаторката Лаврен Скот, девојка на Мик Џегер и генијалецот Александар Меквин.