Се воведува прогресивен данок за примања над 90 илјади денари


Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска најави дека државата ќе воведе прогресивен данок за примања поголеми од 90 илјади денари. Тој вели дека станува збор за реформа за праведен данок за подобрување на економијата и животот на граѓаните. Со неа се предлага воведување дополнителна стапка од 8 процени за доходот кој надминува 90 илјади денари месечно.

„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравма бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкуптноо население”, рече Тевдовски.

Освен оваа промена, тој најави зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно. Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии.

,,Со оваа реформа очекуваме да обезбедиме 25 милиони евра – средства кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата”, истакна министерот за финансии.

Оваа мерка, според него, е поради тоа што „многу наши сограѓани немаат пристап до квалитетно образование и здравство, зашто државата нема доволно пари“. ,,Како министер немам право само да зборувам за овие работи, сега имам должност тие да се подобрат. Даночната реформа е за исправање на неправдата. Праведното оданочување е стандард на најуспешните економии во светот, рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави”, рече Тевдовски.

Тој кажа дека и во регионот сите го применувале прогресивниот данок, а како пример ја посочи Албанија. Рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави, но и тие го напуштаат. Албанија го замени рамниот со прогресивен во 2014 и од тогаш бележи одлични резултати. Корист од рамен данок имаат само најбогатите, тој беше донесен во Македонија за да им служи на неколкумина.Праведниот данок ѝ оди во прилог на целата економија и на сите граѓани, додаде Тевдовски.

Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра кои како што кажа министерот ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата.