Сер Пол Макартни дозволи хит на „Битлси“ да биде искористен за добротворни цели


САД- Пол Макартни даде свој благослов хитот „With a Little Help from My Friends“ на „Битлси“ да биде искористен за добротворни цели во корист на Националната здравствена служба на Велика Британија, соопшти Контакт мјузик.

75-годишниот пејач и текстописец ја објави хит-песната заедно со остатокот од бендот пред 51 година. Сега песната веројатно ќе се искачи повторно на врвот на топ листите, бидејќи ќе се користи како хуманитарна песна во врска со прославата на 70-годишнината од Националната здравствена служба на Велика Британија.

Со Сер Пол контактирале од ITV за да добијат дозвола за користење на песната која ќе биде препишана од познати пејачи. Американскиот продуцент Тимбаланд ќе учествува во проектот. Се проценува дека во преработката на песната ќе учествуваат „Скрипт“, Алиша Диксон, Гај Гарви од „Елбоу“, Рита Ора, Џеси Џеј и „Ју-Би-Форти“.

Исто така е можно во новата преработка исто така да се вклучат Крис Мартин и „Колдплеј“, „Литл Микс“, Роби Вилијамс и Оли Марс.