Села со порака до Ахмети: Ако си маж, излези од Владата!


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, реагираше на неуспешниот обид на партнерите од власта, ДУИ и СДСМ, да го изгласаат Законот за јазиците, упатувајќи му апел на Али Ахмети дека ако овој закон не помине во законодавниот дом, треба да ја напушти владата на Зоран Заев.

„Овие политички игри на СДСМ ми личат на враќање на партијата кон нејзините корени и идентитет. Овој закон требаше да биде изгласан до 2004 година како нормативен дел од Охридскиот договор. Во тоа време токму ДУИ и СДСМ беа тие што не го направија тоа. Ова претставува прекршување на законот и при вакви случаи се знае како би реагирале вистински мажи. Ако се мажи и ако се посветени на политиката, од ДУИ треба да седнат на маса и да поразговараат на оваа тема со Заев, и ако потоа овој закон не се изгласа, да ја напуштат Владата“, ѝ порача Села на партијата на Ахмети.