Седум гола за Лазаров во триумфот над европскиот шампион


Франција– Екипата на Нант за која настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров го победи актуелниот европски шампион Монпелје со 31:28.

Во дуелот од четвртото коло на францускиот шампионат одигран синоќа, Лазаров постигна седум голови и беше втор стрелец во својот тим.

Покрај Лазаров, во победничкиот тим се истакна Клер со девет погодоци.

Нант е лидер на табелата со максимални осум бодови колку што има и Шамбери.

Монпелје со шест бода е на четвртата позиција.