Сега има 90.000 државни службеници повеќе од 1992


На 2 април 1992 година е донесен првиот Буџет во независна Македонија. Тежел 75,9 милијарди југословенски динари или во тоа време околу една милијарда германски марки. Првите македонски бонови се воведени на 26 април истата година. Кога била усвоена завршната сметка на првиот буџет, тој изнесувал 217,8 милијарди денари.

Во првиот буџет, планиран со инфлација од 270 отсто и минус осум отсто економски раст, 33 отсто од парите биле наменети за помош на стопанството, главно на земјоделството, исто толку за општествени дејности, 16 отсто за државна управа, 8 отсто за одбрана и 10 отсто за други намени. Министер за финансии тогаш бил Методија Тошевски.

Со тој Буџет се финансирале 49.633 вработени на државна сметка, околу 90 илјади помалку од сега.
Годинашниов буџет изнесува 212 милијарди денари. Сега во Министерството за финансии има 660 вработени.