Севернокорејскиот министер за надворешни работи во посета на Кина


Севернокорејскиот министер за надворешни работи е во посета на Пекинг на разговори со кинескиот колега,јавија кинеските медиуми.

Посетата на Ри Јонг Хо ја потврди портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, кој рече дека Ри ќе има средба со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји.

Тој не даде детали за фокусот на разговорите, но наведе само дека Ри ќе биде кусо во Пекинг. Посетата се одржува една недела откако лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун беше во посета на кинескиот главен град.