СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџии


Пратеничката групана СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџии. Од владејачката партија велат дека се залагаат за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение.

„Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија. Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни“, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

Пазарџии вчера во Скопје и други градови во Македонија протестираа против новиот Закон за зелени пазари со кој се бара тие да имаат лиценци за работа.

Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. Пензионерите нема да можат да работат на пазарите.