СДСМ: Мицкоски е фатен во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски за хидроцентралите


Антинародниот пион Христијан Мицкоски петти ден се крие зад конфузни реакции на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски, како се стекнати хидроцентралите, се вели во соопштението на СДСМ.

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ првично тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје.  Потоа, истото тоа антизападно раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во сосема друга компанија односно во „Енергомонт“, за вчера антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека Мицкоски има удел од 7 отсто во конзорциумот „Минка-Енерготек“. Три дена, три различни тврдења. Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ не може само со себе да се договори што да излаже. Јавноста денеска ја дозна вистината: компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде удел има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“. Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа излегува на површина. Затоа Хидро Мицкоски останува само заштитник на криминалите на неговиот ментор Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.