СДСМ: Законот за високо образование е во интерес на професорите и студентите
Пред да се впуштат во неговото коментирање, во ВМРО-ДПМНЕ треба
„Јавноста не заборава дека за време на нивното 11-годишно владеење, студентските претставници се избираа на насилен начин со злоупотреба на специјална полиција, која упаѓаше во читална и брутално малтретираше студенти. На јавноста и е целосно јасно и во потполност ја разбира агонијата и стравот што независното студентско движење го предизвикува кај ВМРО-ДПМНЕ. Со денешните реакции, ВМРО-ДПМНЕ остава впечаток дека не може да ги надмине погубните политики на Никола Груевски и продолжува да се однесува лицемерно кон студентите и професорите. За бесплатно студирање и ослободувањето од плаќање партиципација ќе одлучува Националниот совет за високото образование, кој ќе предложи ослободување од партиципација за лицата со инвалидност, лица без родители, но и други лица и студенти со висок просек да бидат ослободени од партиципација за студирање“, стои во соопштението.