СДСМ: Ги поправаме катастрофалните грешки на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО – ДПМНЕ имаше повеќе од една деценија да ја стабилизира македонската економија, но за жал за време на криминалното пустошење на државата и граѓаните од страна ВМРО-ДПМНЕ, економијата доживеа колапс, а јавниот долг се зголеми тројно, се вели во соопштението на СДСМ.
„За само 10 месеци новата Влада предводена од СДСМ успеа да креира стратегии и политики преку кои се стабилизира економијата. 2017 година е прва година во која јавниот долг бележи пад по подолг период. Исто така успева да обезбеди и најниски каматни стапки во историјата на Македонија преку водење рационална и транспарентна политика која е препознаена од сите. Оваа фактичка состојба сведочи за добро спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ. Покрај тоа, просечната плата е зголемена за 4,6 отсто, со што уште еднаш се потврдува придвижувањето на економијата. Додека ВМРО-ДПМНЕ ја уништуваше државата и ги осиромашуваше граѓаните, СДСМ успева во само 10 месеци да придонесе да се почувствуаат позитивни промени во сите сфери на општеството, особено на полето на економија“, се наведува во соопштението на СДСМ.