СДСМ: Акцизата не влијае врз растот на цените


ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, акцизата не влијае врз раст на цените, преку конкретни мерки се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со криминалното, неодговорно и расипничко владеење го урниса животниот стандард на граѓаните, денес како опозиција продолжува со лицемерно однесување и лажна загриженост, се вели во соопштението на СДСМ.

„Зголемувањето на акцизата за нафтата не влијае на покачување на цените на мало. Сите енергенси учествуваат со 10 отсто во вкупната цена на производите, а акцизата е зголемена за само мал дел од тие 10 отсто, што е незначително за вкупната цена. Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку демонстрирање лажна загриженост да ја манипулира јавноста. Граѓаните чувствуваат реални придобивки од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ. Растот на минималната и просечната плата, зголемените пензии и субвенции за земјоделците, намалувањето на трошоците преку укинување на радиодифузната такса и воведувањето евтина тарифа на струјата се мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.