Сара Миленковска е најманекенка на Модниот викенд


Со својот маркантен изглед, долгата темноцрвена коса, висината од 178 см и километарските нозе, оваа сезона ја освои публиката која го следеше Модниот викенд во НУБ „Св. Климент Охридски“. Со својот сигурен од и самоувереноста Сара Миленковска (23) од Скопје доминираше на пистата. Манекенката од модната агенција „Подиум“ учествуваше речиси на сите ревии на дизајнерите и модните куќи.

На модната сцена е присутна седум години. Зад себе има многубројни ревии и фотосесии. Работи како административен асистент за програма на медиуми. Член е на младинскиот совет при американската амбасада во Скопје.

Моден викенд -Скопје за сезоната пролет-лето 2018 година, викендов се одржуваше под мотото „Што ја храни вашата имагинација“ и со учество на над 15 дизајнери и модни куќи. (Л.С.)