Само за викендите директен воз до Солун


Грчките железници ги известиле МЖ Транспорт дека експресниот воз 334/335 кој сообраќа на релацијата Солун -Белград и обратно од 12 јануари 2018 во деновите од понеделник до петок ќе сообраќа само до Гевгелија наместо до Солун и обратно.

„Трејносе“ зема обврска во тие денови да ги превезува патниците со автобус од Гевгелија до Солун.

Во сабота и недела возот ќе сообраќа според важечиот возен ред од Белград до Солун и обратно