Саем на книга од 3 до 9 мај: Бесплатен влез за организирани ученички посети
Од 3 до 9 мај 2018 ќе се одржи јубилејното 30. издание на Саемот на книгата, а годинава локацијата е ВИП Арената „Борис Трајковски“.
Учество ќе земат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот.
„По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, Скопски саем за сите организирани, групни посети на ученици обезбедува бесплатен влез. Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст. Се очекува зголемено присуство на посета на ова јубилејно издание на саемот и да ја надмине бројката од редовните 40.000 посетители“, соопштува Министерството за култура.
Издавачките куќи најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.