Русија негира вмешаност во глобални кибер напади
Русија ги негираше британските обвинувања дека нејзините шпиони стојат зад серија глобални кибер-напади. Тие истакнуваат дека таквите обвинувања се недостојни и се дел од дезинформациска кампања чија цел е да им наштети на руските интереси.
– Лондон едноставно прави неосновани наводи против Русија без анализа, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на брифинг во Москва.