Руседски: Големата тројка се врати, Ју-Ес опен ќе биде возбудлив
Англија – Легендарниот британски тенисер Грег Руседски очекува претстојниот Ју-Ес опен да биде еден од највозбудливите досега, бидејќи Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се во добра форма.
– Мислам дека ова ќе биде едно од највозбудливите изданија на Ју-Ес опен досега. Федерер го освои Австралија опен, Надал Ролан Гарос, а Ѓоковиќ Вимблдон. Големата тројка ги освојува гренд слемовите и тоа секако ве наведува да помислите дека некој од нив ќе дојде до титулата на Ју-Ес опен, истакна Руседски.
Според него, Федерер и Ѓоковиќ полесно ќе се прилагодат на играта на бетонската подлога, а поголеми проблеми очекува да има Надал поради неговиот стил, кој е поагресивен.
Ју-Ес опен почнува на 27 август, а бранител на титулата е Рафел Надал.