Романот „Комита“ на Владимир Плавевски преведен на бугарски јазик
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечер ќе биде претставена книгата „Комита“ на Владимир Плавевски која во превод на бугарски јазик ја објави издавачката куќа „Персеј“.
Овој роман на Плавевски, кој на бугарски го преведе Тања Попова, е структуриран во пет дела и го отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20 век. Главниот лик, комитата Лазар, ја посветува својата животна кауза на татковината, а неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.
Владимир Плавевски (1948) е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Покрај романот „Комита“, досега има објавено уште дванаесет книги.