Розови денови во октомври-месец на борбата против рак на дојка
Октомври е прогласен за светски месец на борбата против ракот на дојка. Секоја година, се подигнува свеста за ракот на дојка и се собираат средства за истражување, превенција, дијагноза, третман и лекување на овој карцином.
Сѐ поголем број на дами се соочуваат со оваа болест, па поради тоа секоја година се зголемува бројот на организации кои преку кампањи се трудат да ја зголемат свеста, односно да промовираат едукација за превенција и лекување, прибирање финансиски средства, правење напори во изнаоѓањето лекови, како и поддршка за преживеаните и оние кои се занимаваат директно со болеста.
Многу е важно секоја жена редовно да се проверува, за да може навремено да открие доколку дојде до појава на овој карцином. Уште од раните 20-ти години, можете да започнете со самопреглед на градите. Веќе од 20-30-тите, потребно е да започнете со клинички прегледи, на речиси секои три години. Жените кои се на 40-годишна возраст или постари, треба да почнат со скрининг мамограм секоја година и треба да го практикуваат тоа сѐ додека се во добра здравствена состојба.
Покрај редовните прегледи, важно е да внимавате и на вашата исхрана и здравјето на имунолошкиот систем. Здравата исхрана и здравиот начин на живот, можат да спречат појава на разни болести, а можат да придонесат и за спречување на појавата на ракот. Препорачлива е и консумација на хербални лекови, кои можат да придонесат за подобрување на здравјето и зајакнување на организмот.