Род Стјуарт на 73 години со нов албум: Трамп мисли дека тој има добра работа, јас имам одлична работа


Англија– Помина повеќе од полoвина век откако Род Стјуарт (73) е на сцената и тој нема намера да запре тука. Кога не е на турнеја, зафатен е со своите осум деца од три брака и врска , а на 28 септември ќе го објави својот 30. студиски албум „Крваво црвени рози“.

Стјуарт, познат како автор на романтични песни, во кариерата не се плашеше да пишува и за социјални проблеми, како на пример во 1976 година кога ја создаде песната „Убиството на Џорџи“, песна за негов пријател кој беше убиен заради неговата сексуална ориентација.

Поп-легендата повторно начнува сериозна тема во првиот сингл од неговиот нов албум, во кој се говори за злоупотреба на дроги од страна на тинејџери, гледано од родителска перспектива.

Прашан пак за неговата популарност меѓу жените, Род Стјуарт одговара дека не се смета себе си за секс симбол и дури го мрази тој збор. На крајот заклучува:

– Трамп мисли дека тој има добра работа, јас имам навистина одлична работа.