Ричард Гир се ожени по трет пат


САД- Актерот Ричард Гир (68) се ожени со пиар експертот Алејандра Силва (35), ама голема прослава за семејството и пријателите ќе биде одржана на 6 мај во нивниот дом во Њујорк. Двојката ја започна врската пред четири години кога се разведуваа. Ги спои страста спрема патувањата и хуманитарната работа, а на почетокот ја преживеаја и врската на далечина зашто Алејандра со синот живееше во Мадрид, Шпанија.

За актерот кој се прослави во филмот „Американски жиголо“, каде го заслужи епитетот секс симбол, ова е трет брак. Од 1991 година до 1995 година беше во брак со топ-моделот Синди Крафорд, а од 2002 година со актерката Кери Ловел со која го има синот Хомер (17). Се разделија во 2013 година, ама се разведоа три години подоцна.