‘Ржаниот леб на „Жито Лукс“ со висока нутритивна вредност


Правилна исхрана со која се внесуваат сите потребни хранливи материи во организмот е клучна за здравјето на луѓето. Мислењето дека лебот не е добар за организмот веќе подолго време е минато бидејќи нутритивната вредност на   житните култури е незаменлива за човековото тело. „Жито Лукс“ ја надополни богатата палета на производи со нов 100 проценти ’ржан леб со цел да им овозможи на купувачите уживање во нутритивните придобивки од ’ржаното брашно.

100 проценти ‘ржаниот леб на „Жито Лукс“ има висока нутритивна и хранлива   вредност затоа што ‘ржаното брашно е богато со повеќе витамини и минерали кои се значајни за здравјето на луѓето и за нормалното функционирање на метаболизмот. Овој леб е создаден од 100 проценти интегрално брашно поради што изобилува со растителни влакна. На овој начин лебот влијае на   побавна дигестија на храната, умерена апсорпција на глукоза и финално, на   подолго чувство на ситост во текот на денот. Следствено, 100  проценти ‘ржаниот тост леб на „Жито Лукс“ е соодветна поддршка на секој ваш оброк.

Во однос на содржината на минерали, кај овој леб може да се издвојат: фосфор, цинк, бакар и манган. Тие се битни за нормална функција на енергетскиот метаболизам како и за општото физиолошко функционирање на организмот. Сега, исхраната може да биде збогатена со дополнителна нутритивна вредност во форма на парчиња леб кои се неодоливо вкусни. Веќе не морате да ги прилагодувате оброците и да размислувате како да се храните правилно без да внесете леб во вашата исхрана, затоа што тука е сега 100 проценти ‘ржаниот леб на „Жито Лукс“.