Рејчел Мекадамс роди син


САД– Актерката Рејчел Мекадамс (39) , ѕвездата на филмот „Бележникот“ и серијата „Вистински детектив“, роди син. Не се знае точно кога се породила, бидејќи актерката ја криела својата бременост, а ни таа ни нејзиното момче Џејми Линден не потврдиле дека добиле дете.

Рејчел ја криела бременоста со месеци, па друи пред месец и пол се дознало дека ќе го добие првото дете. Некои американски таблоиди веќе ги објавија фотографиите од Рејчел и Џејми со нивното новороденче.

Рејчел е во врска со сценаристот Џејми две години, а и претходно во интервјуата зборувала за тоа дека сака да има деца. Убавата актерка претходно беше во четиригодишна врска со актерот Рајан Гослинг и во тригодишна врска со Мајкл Шин.