Ретро постер на 71. Кански филмски фестивал


Франција- Постерот за 71. Кански филмски фестивал е од филмот „Лудиот Пјеро“ на Годар од 1965 со Жан-Пол Белмондо и Ана Карина, а е инспириран од делата на фотографот Жорж Пјер (1927-2003), кој го овековечи снимањето на над 30 филмови, од Ривет, Рене и Мал до Таверние, Жулавски, Вајда и секако Годар.

Ова е втор постер на фестивалот во чест на Годар. Претходниот беше во 2016 година. Филмски фестивал во Кан ќе трае од 8 до 19 мај. Годинава, со жирито ќе претседава двократната оскаровка Кејт Бланшет.

Нетфликс годинава нема да учествува на Канскиот фестивал, изјави извршниот директор на компанијата Тед Сарандос во интервју за „Вараети“.

Одлуката следи откако организаторите на фестивалот забранија филмови што веќе биле прикажани на телевизија да влезат во конкуренција за наградите. Платформата, сепак, нема Нетфликс како продукциска компанија на фестивалскиот натпревар лани остави силен впечаток со своите два филма – „Окја“ и „Приказните на Мајеровиц“.