Ремзи потпиша рекорден договор со Јувентус


Арон Ремзи денеска потпишал пред-договор со Јувентус и ќе го зајакне клубот со слободен трансфер во текот на летото, објави „Би-Би-Си“.

Тој се согласил на ексклузивна неделна плата од околу 450.000 евра, што ќе биде рекорд за британски фудбалер. Самиот договор ќе биде за четири години.

Еден куп тимови го сакаа 28-годишниот играч од средниот ред откако стана јасно дека „топџиите“ нема да го задржат. Сепак, Ремзи одлучи да стане соиграч на Кристијано Роналдо.

Уште во јануари, репрезентативецот на Велс ги поминал лекарските прегледи, за што инсистирале „бјанконерите“.

Ремзи е дете на Кардиф Сити, а во Арсенал премина во 2008 година.