Ревија на домашни дизајнери во Скопје: „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“


В среда вечер, во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе се одржи втората по ред ревија со домашни дизајнери „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“, во организација на „Добредојде Македонија“, поддржана од амбасадата на Франција во Македонија. Лани, ревијата, насловена „Дизајн накитен со минатото“ и поддржан од амбасадата на САД, наиде на одличен прием во јавноста.

Целта на модниот настан е потенцирањето на македонскиот карактер во безвременските дизајни на македонски етаблирани дизајнери.

Со свои креации ќе се претстават дизајнерите Антонија Ристовска, Ивана Кнез, Јана Манева-Чупоска, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, Олгица Георгиева, Росица Мршиќ, Силвија Михајловска-Алшар, Тања Кокев и Розе Трајчевска. (Л.С.)