Ревизорски комитет во Владата ќе ја следи реализацијата на препораките од ревизорските извештаи


Ревизорски комитет како постојано тело при Владата составен од шест члена, а со кој ќе претседава министерот за финансии ќе биде задолжен за разгледување на ревизорските извештаи за дадените препораки и имплементација на акциските планови за реализација на препораките во ревизорските извештаи од Државниот завод за ревизија.
Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор, информира дека во тек се активностите за формирање на овој комитет чија работа е дефинирана со Деловникот за работење на Владата, каде е утврдено и кој ќе биде член на тоа тело.

– Со години наназад го поттикнуваме заживувањето на оваа активност и верувам дека во наредниот период истата како активност ќе почне да се имплементира. Таквиот начин на разгледување на извештаите ќе помогне во доста висок степен на реализација на имплементација на дадените препораки во ревизорските извештаи, изјави Ристовска денеска одговарајќи на новинарски прашања на означувањето на почеток на твининг проект што ќе се реализира во Државниот завод за ревизија.

Треба да работи како советодавно тело, а прифатениот акциски план ќе значи обврска за институциите на кои се однесуваат препораките.

Според неа, акциските планови во кој ќе бидат наведени точни временски интервали во кои ќе треба да се реализираат дадените препораки мислам дека е еден од соодветните начини за тие да почнат да се реализираат во субјектите кои биле предмет на ревизија.

– Статистиката на Државниот завод за ревизија, како што посочи Ристовска, од 2016 година покажуваат дека 30 проценти од дадените препораки биле имплементираме, но, како што рече, од Државниот завод за ревизија сметаат дека од година во година тоа треба да се зголемува.

Најчесто забелешките, или наодите на ревизорите се однесуваат на незаконско постапување на субјектите во делот на јавните набавки. Во делот на финансиското работење од година во година забелешките биле помали, а се уште се даваат препораки во делот на усогласеност на работењето на институцијата со законите и прописите.

Ристовска истакна дека во текот на минатата година испратени се неколку извештаи до обвинтиелството, бидејќи, како што појасни, доколку ревизорот забележи некој пропуст, криминал или слично во работење на институцијата за тоа е законски обврзан да го извести обвинителството.

Таа оцени дека зајакнувањето на внатрешната ревизија, што се прави во институциите од страна на вработени лица ќе придонесе кон зајакнување на работењето на институцијата.

– Колку е таа контрола појака и работењето ќе биде позаконско, посочи Ристовска.

Зајакнување на капацитетот и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење надворешна ревизија со цел да се подобри ефикасноста и ефективноста на инститиуцијата за вршење на надворешната ревизија на јавни средства ќе се прави преку твининг проект што почнува да се реализира во ДЗР во наредните 21 месец со вкупен буџет од 1,4 милион евра.

Проектот ќе се спроведува со поддршка на националниот завод за ревизија на Република Бугарија, во конзорциум со Државниот завод за ревизија на Република Хрватска. Проектот ќе биде насочен кон натамошно подобрување на ревизорскиот процес, зајакнување на капацитетите за ревизија на заводот, добра соработка помеѓу Парламентот и ДЗР во пресрет на ревизорските извештаи и подобрување на системит на ДЗР и ИТ комуникација и управување со човечи ресурси за подобар ревизорски процес.