Реал го притиска Зидан да го продаде Бензема


Менаџерот на Реал Мадрид го притиска тренерот на тимот Зинедин Зидан да ја одобри продажбата на напаѓачот Карим Бензема, пишуват шпанските медиуми.
Францускиот тренер го штити својот сонародник од критики и го објаснува неговото место во стартните 11 со заслугите што ги има Бензема за изградбата на играта и создавањето позиции пред противничкиот гол.
Сепак, од раководството на „белите“ го притискаат Зидан за нешто многу важно во работата на секој напаѓач – постигнување голови, кои во случајот на Французинот се само 5 од 27 натпревари во оваа сезона, иако има и 10 асистенции.