Работа од соништата: Во Дубровник се нуди плата од 1.500 евра и сопствен стан


Здравствениот дом во Дубровник, Хрватска објави јавен повик кој привлече големо внимание кај јавноста. Се однесува на работно место кое нуди навистина привлечни услови. Имено, се бара педијатар на неодредено време, а примањата ќе бидат во висина од 12 илјади куни или 1.500 евра личен доход. Оној кој ќе го добие работното место ќе биде обезбеден стан, но и можност за вработување во други здравстсвени установи во околината на Дубровник, доколку кандидатот сака да оствари поголема заработка.

Условите кои работникот треба да ги задоволи се диплома од медицинскиот факултет, со положен специјалистички испит по педијатрија и одобрување за самостојна работа во Хрватска. Како што пишува „Дубровачки весник“, веќе со месеци се најавува дека здравствениот дом ќе распише огласи за вработување на педијатар, а за овој оглас има многу заинтересирани.