Пуштен во употреба часовник кој ќе го мери времето до судниот ден


Часовникот кој мери колку човечката цивилизација е блиска до судниот ден е денес пуштен во употреба, а според британскиот „Индепендент“ тој треба да покаже дали сме во голема опасност.

Часовникот е уклучен во Вашингтон и покажува две минути до полноќ, а на церемонијата присуствуваа голем број научници, кои предупредија дека човештвото е блиску до нуклеарна катастрофа.

Првиот часовник бил вклучен во 1947 година и до сега стрелките биле наместени меѓу 2,5 и 10 минути до полнож, а кога минатата година стрелките се поместија на две минути до 12, научниците ги предупредија светските лидери за веројатноста од глобална катастрофа.