Пуштена е во оптег кована пара „Бик“ за колекционери


Народната банка на Република Македонија пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“. Парата е изработена од сребро, тежи 23,30 г, е во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце. Цената на кованaтa парa „Бик“ изнесува 2.800 денари.

„На парата во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Бик. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – ‘2018‘. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: ‘Република Македонија‘ и ‘100 денари‘“, појаснуваат од НБРМ.