Професорката Василевска повикува граѓаните да го додадат презимето Македонска/ски


Поради интезивирањето на преговорите за спорот со името, деновиве голем број професори и ескперти даваат свој став за оваа тема. Во конкретниот случај, професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иванка Василевска јавно упати повик до граѓаните за на своите презимиња да го додадат презимето Македонски/Македонска, објави Фокус.

„Непристојни предлози бараат пристоен одговор. Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да го додадеме презимето Македонска/ски. Ајде да видиме како функционира ефектот на пеперутката и како ќе не преименат кога ние сите заедно како индивидуи ќе си го ставиме името и ќе си го браниме идентитетот. Ве повикувам сите да одвоите од своето време и да го спасите своето достоинство“, повика Василевска.