Протест пред судот: Се бара слобода за Алими по секоја цена


Незадоволни од одлуката на Кривичниот суд за изречената казна на Абдулфета Алими, група граѓани се собраа на плоштадот ,,Скендербег“ во Старата скопска чаршија. Од таму тие маршираа пред Кривичниот суд, извикувајќи: „Правда за Абдулфета Алими, да спасиш човек не значи дека си терорист!“

И пратеникот Зијадин Села им се приклучи на демонстрантите. Тој тврди  дека Алими е херој и дека му го спасил животот при насилниот упад во Собранието.

Демонстрантите побараа ослободување на Алими по секоја цена.

Инаку Абдулфета Алими е  казнет со  7 години затвор за настаните од 27 април.