Протест во Ѓорче Петров за прегазеното дете


Ден по несреќата на улицата „Борис Сарафов“, граѓаните на Ѓорче Петров повторно излегоа на улица за да протестират. Тие бараат од надлежните институции итно да го решат проблемот со улицата, во спротивно велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата и ќе станат порадикални.

Инаку по синоќешниот инцидент во кој беше прегазено 10-годишно дете, жителите излегоа и ја блокираа улицата до полноќ, барајќи итно решение. Според последните информации, детето е во стабилна состојба.

Фото: (Република)