Протестите на „жолтите елеци“ нејсериозен предизвик за Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со најсериозната политичка криза во земјата од неговото доаѓање на власт во мај 2017 година, предизвикана од протестите на „жолтите елеци“, што започнаа како одраз на незадоволството од вискоите цени на горивата.
„Њујорк Тајмс“ оценува дека по враќањето од Самитот на Г-20, што во петокот и саботата се одржа во Аргентина, Макрон ја затекна Франција во конфузија и разочараност по насилните протести на „жолтите елеци“.
Со цел да придонесе за намалување на тензиите, Маркон му нареди на француксиот премиер Едуар Филип да разговара со претсавниците на демонстрантите, но и со лидерите на опозициските партии, за да се најде решение за излез од кризата.
„Фајненшал Тајмс“ смета дека антивладините протести ширум Франција предизвикаа шок во Париз и го принудија Макрон на итна акција за излез од кризата, кој викендов дури свика и вонредна владина седница посветена на протестите.
Протестите на движењето на „жолтите елеци“ изминативе два дена, беа трет викенд по ред на насилство во Франција од почетокот на собирите против високите цени на горивата. Движењето заполна спонтано како собири организирани преку социјалните мрежи, но прерасна во масовни протести против економските реформи на Макрон, кои засега не ги дадоа очекуваните резултати.
Макрон претходно тврдеше дека никогаш нема да отстапи пред уличните протести, нема да се испалши и нема да се откаже од својот пробизнис проект за трансформација на Франција и справување со децинската масовна невработеност и спориот економски раст.
Но, секојдневните протести и растечкото незадовоство на населението го натераа Макрон да прифати разговори со „жолтите елеци“ и да ги разгледа нивните барања.
Макрон се обидува да се претстави себеси како прогресивен лидер кој ќе ја предводи борбата против национализмот и популизмот во Европа, но, како што оценува „Гардијан“, тоа нема да му биде лесно се додека во Париз горат барикади, а демонстрантите неговата Влада ја сметаат за „арогантна елита“.
Проблемите за Макрон лежат во тоа што тој се покажа како неподготвен за вакви протести, кои почнаа како спонтан израз на незадоволството, но прераснаа во собири зад кои застанаа политички лидери, синдикати и политички партии.
Француската Влада не го предвиде овој граѓански бунт, кој може да се покаже како иницијална каписла за поттикнување на гневот на јавноста од високите даноци и големите државни трошоци.
„Гардијан“ оценува дека единстевна надеж на Макрон за спречување нови насилства е да ги смири протестите и граѓанскоот незадоволство, предложувајќи конкретни решенија.
Според француската полицијата, во протестите викендов биле повредени 133 лица, од кои 23 полицајци и опожарени шест згради, 130 барикади и 112 автомобили. Полицијата во притвор задржа 378 лица, од кои 33 се малолетни.