Просечната плата во ноември 24.548 денари
Зголемувањето се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 19,2 отсто, рударство и вадење камен за 18,6 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 5,6 отсто, други услужни дејности 5,5 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување 3,5 отсто.
Просечната месечна бруто-плата по вработен во ноември 2018 година изнесува 36. 017 денари.