Промоција на „Како го искачив К2“ на алпинистот Здравко Дејановиќ


Планинарското еколошко друштво „Ендорфин” во соработка со КЦ „Кита” и НУ Центар за култура „Кочо Рацин” од Кичево организира промоција на книгата „Како го искачив К2″ на македонскиот алпинист и планинар Здравко Дејановиќ.

Промоцијата ќе се одржи на 5 декември, вторник, во малата сала на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево во 19:30 часот.

Дејановиќ е четвртиот македонски искачувач на Монт Еверест (во 2010 г.), единствениот со хималајски хет-трик над 8000 метри. Во периодот на 2014-2015 г. ги искачи врвовите К2 и Анапурна, кои важат за едни од најтешките и најсуровите светски врвови.