Продолжува протестот пред Собранието


Пред Собранието на Република Македонија се уште трае протестот против донесувањето на законот за употреба на јазиците.

Протестот тече мирно и без инциденти. Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.

Улицата пред Собранието е затворена за сообраќај.

Во исто време во законодавниот дом се одржува 32. собраниска седница, на чиј дневен ред е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ