Принцот Вилијам во Тел Авив се сретна со победничката на Евровизија


Израел-Британскиот принц Вилијам се сретна со победничката на Евровизија, Нета Барзилиа. Тие заедно прошетале по булеварот Ротшилд во Тел Авив и се напиле сок пред еден од најстарите киосци во градот.

Илјадници луѓе се собрале за да ги поздрават преку оградата поставена од полицијата, извикувајќи „Те сакаме Вилијам“, пренесуваат агенциите.

Војводата од Кембриџ потоа посетил еден музеј, разговарал со младите од Израел, со уметници и претприемачи. Принцот претходно бил на фудбалски натревар во Јафа и на прием во резиденцијата на британскиот амбасадор.

Вилијам е на историска турнеја низ Блискиот исток.