Претставата „Маша, Медо и Дедо Мраз“ ќе се одигра во Кичево
Новогодишната хит-претстава „Маша, Медо и Дедо Мраз“ во изведба на Театар Крик од Скопје же гостува во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.
Изведбата ќе биде на 20 декември со почеток во 13:30 часот.
Оваа претстава е направена за најубавата публика – децата, а носители на целото дејство се Дедо Мраз, Маша и Медо. Претставата изобилува со многу комични ситуации, кои ке ја забавуваат публиката а преубавите оргинални костими, специфичната сценографија и музика ќе допринесат овој театарски продукт да се комплетира во едно совршено театарско новогодишно доживување.
Дедо Мраз, Маша и Медо се јунаците кои му се омилени на секое дете. Тие во интеракција со децата ќе ги решаваат сите згоди и незгоди кои се случуваат за време на дочекот на Новата Година. Оваа претстава не само што обработува новогодишна тематика туку и едуцира. Една од главните поуки на претставата е тоа дека не е важен подарокот даден од Дедо Мраз,туку дека најважно од се е некого да го направиме среќен. Не само за новогодишната ноќ. Љубов и рака да подаваме секогаш, а не само на новогодишните празници.
Играат Мими П.Ристов, Сашо Ристовски и Роберт Ристов.
Влезот же чини 60 денари.