Претседателот на Словенија во официјална посета на Грција
Првиот ден од посетата, Пахор ќе го започне со полагање цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак пред грчкиот Парламент, по што ќе се сретне со грчкиот претседател.
Павлопулос и Пахор ќе имаат тет а тет средба, но и состанок на двете делегации, по што словенечкиот претседател ќе заминена средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Двајцата претседатели вечерва одново ќе имаат можност да поразговараат, за време на свечената вечера.
Павлопулос и Пахор утре ќе заминат за Пелопонез во посета на градот Нафплио каде што ќе биде откриена спомен плочата посветена Јоанис Каподистријас, чие што семејство има потекло од словенечкиот град Копер.
Претседателот на Словенија ќе се сретне и со градоначалникот на Нафплио и ќе положи цвеќе пред споменикот на Каподистријас.