Претседателот на косовското Собрание, Весели утре во посета на Македонија


Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти службата за информирање на косовското Собрание.

Спикерот на косовскиот Парламент за време на престојот во Скопје ќе биде примен од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

– На средбата, двајцата собраниски спикери ќе разговараат за односите меѓу двете земји, за можностите за продлабочување на парламентарната соработка, како и за заедничките евроатлантски интеграции на Косово и Македонија, се вели во соопштението.