Прв пат во јавноста по веста дека е пак бремена: Кејт Хадсон на отварање на златарница на „Хари Винстон“


Хонг-Конг– Дијамантите се најдобри пријатели на жената. Тоа го знае и оскаровката Кејт Хадсон која прв пат вчера се појави во јавноста по веста дека е бремена, на отварањето на нова златарница на „Хари Винстон“ во Хонг-Конг.

Кејт, која очекува ќерка, ја пресече лентата на втората продавница на познатата златарница во Хонг-Конг, лоцирана пред хотелот „Мандарин Ориентал“.

При тоа, носеше скапоцени ѓердан и бразлетна на златарницата, искомбинирани со црна едноставна тоалета.

Кејт ја изненанди јавноста кога соопшти дека со нејзиното момче Дени Фујикава го чека нивното прво дете, а нејзинот трето. Таа веќе ги има синот Бингам (6) и Рајдер Расел (14), но бебето број 3 ќе биде женско.