Прва лига: Шкендија есенски првак
Денеска беа одиграни натпреварите од 16. коло во Првата лига каде што водечките Вардар и Шкендија обезбедија победи на гостувањата.
Водечката Шкендија славеше на гостувањето во Турново каде домаќин беше Победа со 0-2 и на две кола до крајот на полусезоната стана есенски првак.Вардар со 0-1 ги освои бодовите во Кратово против Силекс.
Работнички беше подобар од Македонија ЃП со 5:1, Ренова и Академија Пандев одиграа нерешено 1:1, а Шкупи во судиското надополнување ја обезбеди победата над Беласица од 1:0.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО
Силекс – Вардар 0:1
Победа – Шкендија 0:2
Работнички – Македонија ЃП 5:1
Ренова – Ак. Пандев 1:1
Шкупи – Беласица 1:0
ТАБЕЛА:
- Шкендија 37
- Вардар 31
- Ак. Пандев 26
- Работнички 23
- Ренова 20
- Шкупи 19
- Победа 17
- Македонија ЃП 17
- Беласица 17
- Силекс 14