По 23 години: Божикната песна на Мараја Кери меѓу 10-те најхита во светот


САД- 23 години откако беше објавена “All I Want for Christmas Is You” на Мараја Кери, конечно песната се најде меѓу првите 10 хитови на топ-листата за најдобри 100 песни. Класичниот празничен хит од 11-тото место се качи на 9-тото по 22 седмици поминати на топ-листата. Ова е првата празнична песна што се нашла меѓу првите 10 најголеми хитови по огромниот новогодишен хит на Кени Џи “Auld Lang Syne (The Millennium Mix)”, кој се најде на бр.7 во 2000 година. Ова е исто така и првата Божиќна песна од женски изведувач што се нашла меѓу првите 10, по вечниот хит на Ерта Кит наречен “Santa Baby” (Бр.4 во 1954 година).

Многу е ретко еден хит кој е снимент пред повеќе од 20 години да се најде меѓу првите 10 хит песни, но постојат неколку исклучоци од минатото. Принс и Револуцијата и нивната песна “Purple Rain”, како и “When Doves Cry” (двете снимени во 1984 година) се вратија на топ-листите по неговата смрт во 2016 година. “Stand by Me” на Бен Е. Кинг (1961) се врати меѓу најдобрите 10 по истоимениот филм кој излезе во 1986 година. Тоа што е уникатно кај песната на Мараја е дека таа досега се нема искачено меѓу најдобрите 10 песни.

Може ќе биде големо изненадување за вас што “All I Want for Christmas” на Мараја Кери никогаш не се нашла на топ 100 листата кога излезе во 1994 година, но тоа е само поради тогашните правила за топ-листи. Само песни кои биле комерцијално достапни како синглови смееле да учествуваат во топ-листата на најдобрите 100 песни. Песната на Кери била достапна само како промотивен сингл на радио. Во декември 1998 година, правилата се сменети и се дозволи песни кои не се комерцијално достапни да учествуваат во топ-листата. Песната првпат се најде на листата во јануари 2000 година и помина една седмица на 83-тото место. По 5 години се искачи до 21-вото место, а по две години стигна и до 11-тото место. Оваа седмица конечно постигна и нов успех.

Пред 6 години Мараја почна соработка со Џастин Бибер и заедно ја снимија преработката на нејзината хит песна со поднаслов “SuperFestive!” Иако Бибер е повторно многу популарен, овој заеднички хит е веќе одамна заборавен. Оригиналот е вистинскиот хит и како што испадна на крајот –била доволно забавна и без преработката.

Мараја Кери заедно со продуцентот Волтер Афансиеф се автори на песната “All I Want for Christmas”. Двојката исто така има напишано 4 други песни кои се нашле меѓу 10-те најдобри како што се: ‘Can’t Let Go” (бр.2 во 1992), “Hero” (бр.1 во 1993), “One Sweet Day” (бр.1 во 1995), “My All” (бр.1 во 1998).

“All I want for Christmas” е 28-миот хит на Кери кој се нашол меѓу најдобрите 10. Таа е автор на 25 од нив о коавтор на останатите 3 (има соработувано со Лутер Вандроуз, Бојс ту Мен и Баста Рајмс). “All I Want for Christmas” се продаде во 3,415,000 дигитални копии низ годините. Божиќниот албум на кој се наоѓа песната се продаде во 5,584,000 копии во стандардна продажба на албум.