По Тодоров, и Ивица Коневски стана адвокат
Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, отвори адвокатска канцеларија во центарот на Скопје.
Коневски е дипломиран правник, но никогаш не работел како адвокат.
Во два мандати беше градоначалник на општина Аеродром, од 2009 до 2017 година. На последните локални избори изгуби од противкандидатот од СДСМ, Златко Марин.
Претходно, во адвокатура помина и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.