Почина Пол Ален, соосновачот на „Мајкрософт“


САД– Соосновачот на компанијата “Мајкрософт” Пол Ален, 34 најбогат човек на светот, починал вчера на 65 години, соопштила неговата компанија “Вулкан”.

На почетокот на овој месец Ален соопштил дека Хочкинсовата болест, од која се лечел од 2009. година, се вратила и планира да со неа да се бори поагресивно.

Ален го напуштил “Мајкрософт” во 1983. година, пред компанијата да прерасне во џиновска корпорација, по расправија со Гејтс, но благодарение на првобитниот партнерски удел, можел да крајот на животот да ужива во милијардите кои ги трошел на јахти, уметнички дела, спортски клубови, истражувања на мозокот и недвижнини.

Ален образованието го продолжил на Вашингтон Стејт Универзитетот, но од студиите се откажал во 1974. година и се вработил во Бостон. Додека бил таму, упорно го наговарал Гејтс, кој студирал на Харвард, да го напушти факултетот и да му се приклучи во револуцијата на персоналните компјутери која допрва се раѓала.

Гејтс конечно прифатил во 1975. година, па двајцата заедно го развиле “Basic” софтверот за “Altair 880”, компјутер кој тогаш чинел 400 долари.

После тоа се преселиле во Албукерки, а идејата на Ален била компанијата да ја наречат “Micro-Soft”, спојувајќи ги изразите микрокомпјутер и софтвер во едно име.

Ален бил и филантроп и инвеститор, посебно во спортот и вселенските патувања.Не беше женет и немаше деца.