Почина Денис Едвардс, пејачот на легендарните „Темптејшнс”
САД- Денис Едвардс, водечкиот пејач на легендарната група „Темптејшнс” ( The Temptations), кој низа децении го интерпретираше хитот „ Papa Was a Rollin’ Stone“, почина на 74-годишна возраст. Тој починал во Чикаго само еден ден пред да наполни 75 години, објави „Сан“. Веста беше потврдена од неговото семејство.
На групата се придружил во 1968 и пеел заедно со нив се до расформирањето на групата во 1989 година.
Со својата кореографија, различните хармонии и своевидниот сценски настап групата „Темптејшнс” покажа огромно влијание за еволуцијата на ар-ен-би и соул музика во САД, чиј придонес е овенчан со многу награди во повеќе од 55-годишното нивно постоење.Тие имаат десетици милиони продадени албуми и се една од најуспешните групи во историјата на музиката.