Почеток


Лејла Сабит

Кога сте млади, му се радувате на почетокот.
Како што врват годините, му се радувате на заслужениот крај.
И кога ќе се искачите на врвот, пак морате да почнете од почеток за да го освоите.
И во работата и во животот.
Никогаш нема крај за новите почетоци.
Ама и она што го викаме почеток често е крај.
И да завршиш нешто, значи нешто да отпочнеш.
За некој почетокот е лесен, а на последните скали најтешко се искачува.
За друг, почетокот е тежок, но е десет пати покорисен од лесниот почеток.
Секоја врска или приказна има свој почеток.
Некогаш завршуваат, а некогаш траат.
Некогаш се вистински, а некогаш лажни.
Некогаш со среќен крај, а некогаш со тепачка.
Ова е мојот почеток. Во нов весник, со старо-нови колеги.
Излогот е ист, само позачистен.
Со среќа нека ни е!